По бурата од реакции околу претепувањето на Сара, за кое се осомничува Кристијан Корабоски, јавно се огласи и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Тој на својот официјален профил на Фејсбук го осуди насилниот настан што го потресе градот.
„Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид“, напиша Пецаков.
Тој ги повика надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат и истакна дека стои на страната на правдата и Законот.
„Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат. Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот. Насилство не е решение!“, додаде градоначалникот.
Во постскриптумот на објавата Пецаков бара промена на законските решенија.
„Сите насилни случаеви од овој карактер во изминатиов период ни укажуваат дека најитно ни е потребна промена во Законот за постапувањето и третирањето на насилниците на поинаков начин“, стои во објавата.
Објавата на градоначалникот предизвика голем одѕив на социјалните мрежи. Во моментот на пишувањето на оваа вест има повеќе од 700 реакции.
Изјавата на градоначалникот дојде откако јавниот обвинител Стојанче Арнаудов ја промени претходната одлука, а по ставот на државниот јавен обвинител Ненад Савески дека се преземаат дополнителни дејствија. Во 15:30 часот врз Корабоски е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
