Background

СДСМ бара заштита за Сара и одговорност за сите од ВМРО кои се обиделе да го заташкаат насилството

СДСМ бара заштита за Сара и одговорност за сите од ВМРО кои се обиделе да го заташкаат насилството
 
СДСМ бара заштита за младата девојка Сара, која беше безмилосно претепана и одговорност за сите од ВМРО кои се обиделе да го заташкаат насилството, нагласи Кети Штерјова, Форумот на жени од СДСМ. Штерјова порача дека СДСМ изразува целосна поддршка и солидарност со Сара и нејзиното семејство, посочувајќи дека жртвата мора да добие заштита, а не да живее во страв од повторен напад.
„Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери.Изразуваме целосна поддршка и солидарност со Сара и целото нејзиното семејство. Таа заслужува заштита, мир и услови за закрепнување. Не страв дека повторно ќе биде нападната. Според јавното сведоштво на мајката, осомничениот бил пуштен на слобода, додека нејзината ќерка стравува за сопствената безбедност. Имало обиди за прикривање на случајот и влијание врз медицинската документација“, рече Штерјова.
Таа нагласи дека јавноста заслужува одговори и дека никој не смее да биде заштитен од одговорност поради семејните и партиските врски со ВМРО-ДПМНЕ.
„Само затоа што насилникот е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предложена на таа функција од ВМРО-ДПМНЕ, и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски“, рече Штерјова.
На прес –  конференцијата  Штерјова, потенцираше дека овој случај е уште една последица на неказнивоста, партизацијата на институциите и заштитата што власта им ја овозможува на лица блиски до ВМРО.
„Ова е последица заштитата којашто Панче Тошковски им ја овозможува на криминалците на власт, неказинивоста, контролата над судството и обвинителството и партизацијата на системот од страна на ВМРО. Неказнивоста ги охрабрува насилниците. Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици. Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник.Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позииите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара“, рече Штерјова.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖