Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и во безбедноста на европскиот континент, порача премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска во Брисел присуствуваше на Форумот за проширување на Европската Унија.
Мицкоски информираше дека заедно со еврокомесарката за проширување Марта Кос го проследил обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот.
Според премиерот, процесот на проширување треба да продолжи да се темели врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив.
Тој нагласува дека европската интеграција за Македонија претставува стратешка определба и долгорочен национален интерес.
„Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива“, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Tagged as:
Проширувањето на ЕУ е геостратешки императив
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
