Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешнат аизјава за медиуми нагласи дека економските политики на Мицкоски доживеаја целосен дебакл, граѓаните остануваат со празни паричници и празни фрижидери.
Филипче посочи дека начинот на кој Мицкоски ја води економијата ја турка државата кон сериозна должничка криза, во која единствен извор за финансирање на тековните обврски ќе бидат скапите кредити.
„Еден страшен дебакл. Животот е сѐ поскап. Граѓаните ништо не може да си дозволат. Три минимални плати не се доволни за потрoшувачката кошничка.Скапа е храната. Очигледно е дека пратејќи ги трендовите во последниот период ни следи и поскапување на струјата. Владата треба да има желба да се справи со кризата, треба да има знаење и капацитет, а ништо од ова очигледно е дека го нема. И тоа сега граѓаните го гледаат во своите паричници и во своите фрижидери. И паричниците и фрижидерите на граѓаните се празни. И тоа е доказ дека оваа Влада апсолутно не знае како се води државата.ладата треба да има желба да се справи со кризата“, рече Филлипче.
Тој предупреди дека вака како што Мицкоски ја води економијата, државата ќе тоне во економска и социјална криза.
„Вака како што сега Христијан Мицкоски ја води економијата, не ѝ преостанува ништо друго освен за некоја година да се соочиме со грчкото сценарио, односно да стигнеме во ситуација кога единствен извор на тоа да се платат тековните расходи, плати, пензии, сѐ што се должи кон стопанството, ќе бидат само скапите кредити“, рече Филипче.
Филипче посочи дека и новиот буџет е доказ за погрешните економски политики на Владата, без средства за подобрување на стандардот на граѓаните и без развојна компонента.
„Сега се носи буџетот за следната година, после веќе многу брзиот ребаланс, што беше доказ за лошите економски политики. Нема пари за зголемување на платите во здравството, во образованието, во социјалата. Нема развојна компонента буџетот, немаше ни до сега. 60% од сумата за капитални инвестиции оди за враќање на камати на долговите“, рече Филипче.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=hI6McCJv6wE
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
