Background

Владата предлага дополнителни поволности за студентите

Студентите би можеле да добијат дополнителни попусти во трговските синџири преку средствата што им се одобруваат за субвенциониран оброк. Владата веќе работи на ваква можност, најави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања во врска со разговорите со претставници со студентите за оваа мерка.

– Ние веќе работиме во Владата на тоа, во рамките на она за коешто зборував, да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума, оној волумен којшто ќе биде одобрен на месечно ниво да го продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии – изјави Мицкоски нагласувајќи дека целта е студентите да добијат повеќе поволности од постојната финансиска поддршка.

Премиерот не прецизираше во кои маркети би важеле поволностите, колкави би биле попустите и кога би започнала нивната примена.

- Advertisement -
Ad image

Најавата следува по критиките на претставникот на Форумот за образовни промени, Бленди Ходаи, кој минатата недела соопшти дека организацијата поднела тужба против Министерството за образование и наука.

Форумот тврди дека Министерството во изминатите 3 години не го усогласувало износот на субвенционираниот студентски оброк со годишната инфлација, иако таква обврска е предвидена со закон.

Мицкоски рече дека бил непријатно изненаден од настапот на Ходаи, оценувајќи дека тој јавно ги навредил универзитетските професори.

– Мене како професор, редовен универзитетски педагог и родител, можам да кажам дека бев непријатно изненаден и би рекол шокиран, бидејќи на тој начин да се навредуваат, како што тој го направи, редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации и генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму им требало во животот за нив, за нивните семејства, во најмала рака е непристојно – изјави премиерот.

Тој додаде дека жали што Ходаи не присуствувал на состанокот со претставниците на студентските движења, на кој се разговарало за студентскиот оброк.

Мицкоски порача дека и понатаму ќе ги поддржува студентите и дека по завршувањето на политичката кариера планира да се врати на универзитетот.

– И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач – рече тој.

Како примери за досегашната поддршка премиерот ги наведе проектите за студентските домови, обезбедувањето електронски уреди за студентите и планираната изградба на нови универзитетски кампуси.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖