Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека нема да се овозможи полагање на целиот правосуден испит на албански јазик, туку дека делот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, односно прашањата од кривичната и граѓанската постапка, ќе се полагаат на македонски јазик.
Решението за полагањето на овој испит ќе биде доставено на владина седница и ќе содржи два дела.
Според премиерот, студентите ќе можат делот од испитот поврзан со нивните додипломски студии да го полагаат на јазикот на кој го завршиле високото образование. Во Македонија, како што посочи, високообразовни студии се одржуваат на албански, турски и на англиски јазик.
Мицкоски нагласи дека ставот на Владата е дека македонскиот јазик треба да биде заеднички јазик во правосудниот систем, бидејќи тоа, според него, е поврзано со владеењето на правото, а не со политички прашања.
Според него, симулацијата ќе се полага на македонски јазик по принципот Лингва Франка. Принципот Лингва Франка (Lingua Franca) се однесува на користење на еден заеднички јазик за комуникација меѓу луѓе кои имаат различни мајчини јазици.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
