Напаѓачот кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, за време на крвав напад на главниот историски плоштад во градот, почина во болница, објави новинската агенција „Ројтерс“, повикувајќи се на полициски извори.
Смртта на 24-годишникот била констатирана во 4:30 часот наутро.
Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15:00 часот. 24-годишен маж влезе со автомобил на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓаа таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајци кои интервенирале, како и самиот сторител.
Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и беше приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.
Истиот ден, во семејниот дом на Михал О. на улицата „Тилна“ во Островјец Свјентокшиски, полицијата пронајде тела на три тела – членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.
Tagged as:
Почина 24-годишниот напаѓач кој уби шест лица во Полска
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
