Background

Трамп повторно експлодираше и жестоко навреди новинар

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно влезе во жестока расправија со новинар, откако новинарот на Ројтерс, Џејкоб Богаж, го праша дали ги откажал предизборните митинзи во Канзас поради замор од патувањата. Трамп реагираше со навреди, нарекувајќи го новинарот „болен“, „одвратен“ и коментирајќи дека изгледа лошо.

Инцидентот се случил по враќањето на Трамп од предизборен собир во Јужна Каролина, а неговата реакција повторно го привлече вниманието кон прашањата за здравјето и физичката состојба на 80-годишниот американски претседател.

Трамп ги откажа личните предизборни настапи во Канзас и Ајова, планирани за претстојниот викенд, во пресрет на конгресните избори на 3 ноември. Наместо да се појави на собирите, најави учество на повеќе телефонски предизборни настани.

- Advertisement -
Ad image

Новинарот на Ројтерс најпрво го прашал Трамп како се чувствува по бројните патувања и каква е неговата здравствена состојба. Претседателот одговорил дека се чувствува одлично и изразил уверување дека републиканците ќе постигнат добар резултат на изборите.

Но, кога новинарот го прашал дали откажувањето на митингот во Канзас е поврзано со заморот од патувањата, Трамп остро реагирал.

– Болен си кога поставуваш такво прашање. Ти си болен – му рекол Трамп, а потоа го прашал за која медиумска куќа работи.

Потоа продолжил со навредите:

– Погледнете го овој човек. Воопшто не е во форма – рекол американскиот претседател.

Објаснувајќи зошто нема да патува во Канзас, Трамп навел дека републиканскиот сенатор Роџер Маршал има добри изгледи за победа и дека тој ќе одржи телефонски митинг наместо личен настап.

– Не одам во Канзас затоа што нему му оди многу добро. Ќе одржам телефонски митинг. Утре одам на Флорида. По 28 митинзи, тој ме прашува која е причината. Знаете која е причината? Не мислам дека морам да одам во Канзас – изјавил Трамп.

На крајот повторно му се обратил на новинарот:

– Ме следиш веќе две недели. Се чувствувам совршено. Одвратен си, доведи се во форма, изгледаш ужасно – му порачал Трамп.

 

 

Трамп требало да одржи митинг во Салина, во Канзас, каде што републиканскиот сенатор Роџер Маршал се бори за нов мандат. Според написот, Маршал се соочува со сериозен предизвик од демократскиот кандидат Адам Хамилтон, кој според некои анкети има предност.

Откажан бил и неделниот митинг во Дубјук, во Ајова. Републиканскиот национален комитет соопштил дека Трамп наместо тоа ќе учествува на повеќе телефонски предизборни собири во различни сојузни држави.

Според објавените податоци, од почетокот на октомври Трамп одржал 25 митинзи во 19 сојузни држави, обидувајќи се да ја зголеми поддршката за републиканските кандидати. Републиканците на изборите на 3 ноември се обидуваат да ја задржат контролата врз двата дома на американскиот Конгрес.

Здравствената состојба на 80-годишниот американски претседател во последните месеци е сè почесто тема во јавноста. Весникот „The Wall Street Journal“ неодамна објавил дека неговиот личен лекар, Шон Барбабела, или некој од неговите колеги, мора секогаш да биде на растојание од кое може да стигне до претседателот за најмногу три минути.

Според истиот извештај, вработените во Белата куќа обично ја напуштаат просторијата кога Трамп разговара со својот лекар.

Белата куќа претходно потврди дека Трамп има хронична венска инсуфициенција – состојба што го отежнува враќањето на крвта од нозете кон срцето и може да предизвика отекување на глуждовите. Модринките на неговите раце биле објаснети со честото ракување и земањето аспирин.

Неговиот лекар, пак, во мај соопшти дека претседателот е во одлична здравствена состојба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖