Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поголема соработка меѓу земјите членки на Г20, предупредувајќи дека економските и геополитичките кризи сè повеќе ги загрозуваат глобалната трговија, енергетската и прехранбената безбедност, како и слободата на пловидбата. Сепак, состанокот на министрите за надворешни работи во Атланта започна во атмосфера на дипломатски тензии, откако поради несогласувањата со Русија беше откажана традиционалната заедничка фотографија.
– Г20 мора да работи заедно за да се соочи со овие закани – порача Рубио во говорот на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на водечките индустриски земји и економии во развој.
Тој оцени дека предизвиците со кои се соочува светот се повеќеслојни и меѓусебно поврзани, поради што и решенијата мора да бидат координирани.
– Предизвикот што го имаме, предизвиците на кои им се посветивме за време на претседателството на претседателот Доналд Трамп, се повеќестрани и меѓусебно поврзани, а такви мора да бидат и решенијата – изјави американскиот државен секретар.
Но, повикот за соработка беше засенет од спорот околу учеството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Според германската новинска агенција ДПА, неколку дипломати одбиле да се фотографираат заедно со него, поради што американските домаќини го откажале традиционалното групно фотографирање.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул уште пред почетокот на собирот најави дека заедничката фотографија најверојатно нема да се одржи.
– Во овој момент, претпоставувам дека „семејна фотографија“ воопшто нема да има – изјави Вадефул.
Тој објасни дека западните земји не сакаат да испратат порака за нормализација на односите со Москва, додека продолжува руската војна во Украина.
– Нема да има семејна фотографија на која се прикажани нашите европски партнери заедно со господинот Лавров. Нема нормалност со Русија. Мораме тука на маса да ги размениме нашите спротивставени ставови – порача германскиот министер.
Вадефул нагласи дека разговорите се важни и покрај длабоките несогласувања, но дека треба да се избегнат, како што рече, лажни визуелни сигнали што би можеле да создадат впечаток дека односите со Русија се нормализирани.
– Ете зошто дискусијата е важна. Но, исто така, мора да избегнеме испраќање лажни визуелни сигнали – рече тој во врска со откажаното фотографирање.
Германскиот министер се осврна и на кризата со Иран, повторувајќи ја потребата од дипломатско решение на конфликтот и ставање крај на блокадата на Ормуската Теснина, која има клучно значење за глобалното снабдување со енергенси.
Така, состанокот во Атланта уште на самиот почеток ги покажа длабоките поделби меѓу земјите членки на Г20: додека Вашингтон повикува на заеднички одговор на глобалните предизвици, во односите со Москва и натаму доминираат последиците од војната во Украина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
