„Алкалоид“ АД Скопје е добитник на меѓународно признатиот сертификат Top Employer 2026 за Македонија, доделен од реномираниот Top Employers Institute од Холандија, глобална организација која ги оценува и ги сертифицира компаниите што применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси и во грижата за вработените.
Сертификацијата се доделува врз основа на сеопфатна процена на политиките, процесите и практиките на компаниите во областа на човечките ресурси. Методологијата на Top Employers Institute опфаќа шест клучни области и 20 теми, меѓу кои стратегијата за човечки ресурси, лидерството, работната средина, привлекувањето и развојот на таленти, благосостојбата на вработените и корпоративните вредности.
– Особено сме горди што во годината во која го одбележуваме нашиот 90-годишен јубилеј „Алкалоид“ го добива ова престижно меѓународно признание. За нас тоа претставува потврда за долгогодишната посветеност на развојот на компанијата, континуираното унапредување на корпоративните практики и градењето култура заснована на доверба, почит и заеднички вредности. Ова признание е дополнителен поттик да продолжиме да вложуваме во знаењето, професионалниот развој и создавањето нови можности со истата одговорност со која го градиме нашиот успех. Упатувам особена благодарност до сите алкалоидовци, чиј придонес е нераскинлив дел од ова заедничко достигнување – истакна Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.
Континуираното унапредување на организациските практики и развојот на човечкиот потенцијал остануваат меѓу стратешките приоритети на „Алкалоид“, придонесувајќи за одржлив раст, меѓународна конкурентност и за натамошно зајакнување на позицијата на компанијата со силен национален и меѓународен углед и со препознатлив корпоративен идентитет.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
