Background

ЕДЕН ОД СИНДИКАТИТЕ ПРИФАЌА ПЛАТАТА ДА СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО РАБОТЕН ЧАС

Идејата да се плаќаат вработените по работен час што ја иницираше Сојузот на стопански комори е прифатлива и за Конфедерацијата на слободни синдикати. Оттаму велат дека e време да се смени методологијата за пресметка на платите. Од Владата со став дека се отворени за дијалог и разгледување на сите предлози, но дека треба да се направат анализи.

– Време е за промена на методологијата за минималната плата и претвoрање на минималната плата во минимален работен час, од причина што секој месец имаме различен број на работни денови. Ако земеме февруари со 20 и јули со 23, знаеме дека работниците работат три дена повеќе во јули. Нашата цел е со ваквото претвoрање на минималната плата од минималeн работен час, да почнат по вертикала да растат сите плати, не само минималната, туку сите плати, не само во јавниот сектор, туку и сите плати во приватниот сектор – вели претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски.

Од КСС, кои денеска организираа конференција за минималната плата, засега без конкретен одговор дали се согласуваат саатнината да остане 150 денари или е потребно нејзино покачување.

- Advertisement -
Ad image

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески вели дека какво и решение да има, тоа треба да се донесе преку конструктивен дијалог со сите социјални партнери.

– Сите решенија не треба да бидат политичка одлука што би направила потрес во економијата, а индиректно преку потресите од економијата, бидејќи имавме многу такви примери во минатото, се создаваат и понезадоволни работници и плати со пониска куповна моќ и намален животен стандард. Затоа сите решенија треба да бидат добро анализирани, да се види во новите методологии кои се позитивните, а кои се негативните страни, што би добиле работниците со таквите нови методологии, колку би пораснале платите, а од друга страна колку би направиле помал потрес на и онака крвката економија во Македонија – вели Ристески.

Ваквиот начин на плаќање, како што посочи Ристески, го има во неколку поразвиени држави, но сепак треба да се направат детални анализи и да се види како тоа ќе се рефлектира врз целиот сектор.

– Плаќањето по саатнина значи директни промени во Законот за работни односи, којшто и сега се менува. Сега се работи на негова смена, тоа значи и целокупно менување на системот на изработка на платите. Треба да видиме што значи тоа во приватниот сектор, што значи тоа во јавниот сектор и како би се одразило на целокупната економија. Од економски гледна точка, можеби ќе даде подобра продуктивност, подобра контрола на вработените и во приватниот и во јавниот сектор, меѓутоа, од друга страна, да видиме дали тоа ќе даде и позадоволни работници со повисоки плати – вели Ристески.

Тој го повтори ставот на Владата дека приоритет ќе биде растот на просечната плата којшто треба да биде поголем од инфлацијата.

– Само 2% од работното население во Македонија кое е во работен однос зема минимална плата. Приоритет на Владата треба да биде растот на просечната плата. Директно со зголемувањето на просечната плата, која влегува како главна компонента во зголемувањето на формулата на минималната плата, растат и минималните плати, а просечната плата секогаш се зголемува со подобрување и зголемување на економските параметри – вели Ристески.

За работодавачите, ваквиот начин на исплата на плата е прифатлив и тоа нема да значи дека работодавачот ќе го тера работникот да работи колку што сака саати.

– Што се однесува до предлогот за исплата на плата по саат, може да се направат одредени измени, но тоа не значи дека работодавачот може слободно колку сака работникот да го натера да работи — да работи 12 часа или да работи 10 часа, или да работи пет или два. Мора да има период во кој ќе се усогласи тоа. Сега во моментов во Германија се одвива една таква дебата каде што дневното работно време може да биде и до 12 часа, но на неделно ниво пак треба да има 40 часа. Значи мора на некое неделно или месечно ниво часовите да ги има, оние кои работникот треба да ги има за да ја земе целата плата и да се задоволи. Тоа ќе донесе поедноставување во исплатата. Значи оние денови кога повеќе ќе работат, ќе заработат повеќе, оние денови кога помалку што работат, помалку ќе заработат и ќе ја поедностави пресметката – вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Од Сојузот на стопански комори од каде потекна идејата за плаќање по саатнина велат дека ваквиот начин на исплата значи пофлексибилно работно време за работникот, поголема продуктивност и заштеди за компаниите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖