Сестрaта на Метју Пери, Миа Пери Боувик, откри емотивни детали од приватниот погреб на актерот, познат по улогата на Чендлер Бинг во култната серија „Пријатели“. Во новата документарна серија на Нетфликс, „The One About Matthew Perry“, таа се присети на последната средба со неговите колеги од серијата, кои дошле да му оддадат почит во ноември 2023 година, шест дена по неговата смрт.
Миа раскажала дека со актерите се немала видено речиси 20 години. Џенифер Анистон прва ѝ пришла и силно ја прегрнала, а потоа истото го направиле и останатите.
– Потоа, сите петмина се упатија кон ковчегот држејќи се за раце, застанаа околу него и плачеа – се присетила сестрата на актерот.
Погребот се одржал во меморијалниот парк „Форест Лон“ во Лос Анџелес, во тесен круг на семејството и најблиските пријатели. Пери почина на 28 октомври 2023 година, на 54-годишна возраст, а неговата смрт беше предизвикана од акутните ефекти на кетаминот.
Миа открила и еден необичен момент од погребот. Додека стоела таму, почувствувала како нејзиниот брат да е зад нејзиното десно рамо, како повторно да ѝ се обраќа со својот препознатлив хумор.
– Се појави веднаш зад моето десно рамо и рече: Колку е ова сè откачено? – раскажала таа, објаснувајќи дека во тој момент почнала неконтролирано да се смее, иако ситуацијата била крајно тажна.
– Боже, еве го повторно, ме тера да се смеам во најстрашниот можен момент – се присетила Миа, која сфатила дека токму ваквата реакција била во духот на нејзиниот брат.
Во документарната серија таа зборува и за сложениот живот на актерот, неговата долгогодишна борба со зависноста и човекот што се криел зад ликот на духовитиот Чендлер. Вели дека ѝ било потребно време да биде подготвена јавно да ги сподели овие спомени.
– Сакам луѓето да го запознаат како целосна личност, а не само како Чендлер или како некој што се борел со зависност – порачала таа.
Документарната серија „The One About Matthew Perry“ го следи животот и кариерата на актерот, со сведоштва од неговото семејство, архивски снимки и фотографии. Петтемина негови колеги од „Пријатели“ не учествуваат со нови интервјуа во проектот, но нивното присуство на погребот останува еден од најемотивните моменти што ги сподели неговото семејство.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
