Background

Наставничка од Дуизбург, Германија, е под истрага на државното обвинителство поради сомнение за измама, откако поминала речиси 17 години на континуирано боледување примајќи целосна плата

Наставничка од Дуизбург, Германија, е под истрага на државното обвинителство поради сомнение за измама, откако поминала речиси 17 години на континуирано боледување примајќи целосна плата, објавува Велт.

Надлежното државно обвинителство покрена постапка против неа кога беше откриено дека како државен службеник речиси 17 години го добивала целиот износ на личниот приход и дека во тој период не посетувала ниту еден час во училиште.

Поради ова, регионалната влада нареди нејзино присилно пензионирање. Сепак, наставничката се бори против таа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф. Нејзината цел е да продолжи да ја добива својата целосна активна плата наместо стандардната пензија, која во нејзиниот случај нормално би изнесувала околу 4.000 евра месечно.
Обвинителството бара затворска казна и враќање на 248.000 незаконски присвоени евра.

- Advertisement -
Ad image

Нејзините деловни активности се дополнителна тежина во целата истрага. Имено, додека официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа развила козметички производи за кои дури добила и претприемачка награда.

Овој случај привлече големо внимание од јавноста и поради општиот контекст во Дуизбург. Со години, градот се бори со сериозен недостиг на едукатори во своите 128 училишта во кои учат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти започнуваат посебни кампањи кои вклучуваат воведни тури низ градот и стимулации како што се привремено бесплатно сместување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖