Американскиот претседател Доналд Трамп, синоќа изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Наскоро ќе биде организирана средба и мислам дека можеме да постигнеме голем напредок – им рече Трамп на новинарите, осврнувајќи се на дипломатските напори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина што трае повеќе од четири и пол години.
Последен пат Володимир Зеленски и Владимир Путин се сретнаа лице в лице на 9 декември 2019 година во Париз, на самитот во таканаречениот Нормандиски формат, а на средбата беа и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера му понуди на украинскиот претседател Зеленски да дојде во Москва на директни преговори, уверувајќи дека ќе му биде гарантирана безбедноста. Информацијата ја соопшти Јуриј Ушаков, помошник на Путин за надворешна политика, по телефонскиот разговор на рускиот претседател со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стуб.
И шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха синоќа изјави дека средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања од мировниот договор. Сибиха ова го изјави на заедничка прес-конференција во Хелсинки со колегите Елина Валтонен од Финска и Еспен Барт Ајде од Норвешка.
На прашањето што очекува од претстојниот трилатерален состанок на преговарачките тимови, Сибиха изјави дека „сите преговори служат за создавање нов замаец“, додавајќи дека тимовите ќе се фокусираат на безбедносните прашања.
ЗЕЛЕНСКИ ПОСТАВУВА УСЛОВИ ЗА МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ На масата мора да седи и Европа, покрај САД и Русија
Претстојниот трилатерален состанок на преговарачките тимови на Украина, САД и Русија е планиран за првата половина на ноември во Абу Даби, со фокус на безбедносните и хуманитарните прашања како што се прекин на огнот и безбедноста во Црното Море.
Сибиха нагласи дека овој формат со учество на Киев е единствениот начин за забрзување на мировниот процес.
Тој предупреди дека евентуалната трилатерална средба на Русија, Кина и САД без Украина би била контрапродуктивна.
Според него, преговарачките тимови веќе се состанале неколку пати, но честопати се враќале на истите теми, поради што средбата меѓу Зеленски и Путин е сè уште неопходна.
Сибиха додаде дека Украина има конкретни предлози, вклучително и делумен прекин на огнот, нагласувајќи ја ситуацијата во Црното Море и заштитата на енергетскиот систем на Украина, кој Русија продолжува секојдневно да го напаѓа пред зимата.
– Патем, веќе се формирани три групи како дел од преговарачкиот процес. Значи, зборуваме за продолжување на нашите преговори токму во тој формат, а тоа е навистина важно – рече украинскиот министер за надворешни работи.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина, САД и Русија се согласиле да одржат трилатерална средба на преговарачките тимови во првата половина на ноември.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
