Антивладините протести во Тирана продолжија вчера седми ден по ред. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења, петарди и молотови коктели, пренесоа албанските медиуми.
Протестот почна во попладневните часови, кога демонстрантите тргнаа од Канцеларијата на премиерот и маршираа по булеварот „Маченици на нацијата“ кон плоштадот Скендербег.
Дел од демонстрантите фрлаа петарди, пиротехнички средства и молотови коктели, а полицијата одговори со солзавец и водени топови. Толпата продолжи кон Министерството за внатрешни работи и плоштадот Скендербег.
Демонстрантите фрлаа камења, ги кршеа прозорците на зградата на Апелацискиот суд и запалија корпи за ѓубре на неколку раскрсници низ главниот град.
Поради немирите и судирите со полицијата, приведени се повеќе демонстранти.
Протестите почнаа поради долгогодишните проблеми во образовниот систем, лошите услови за студирање, недоволните инвестиции, високите цени на кириите и недостигот од студентски сместувачки капацитети. Студентите најавија дека нема да се откажат од своите барања и дека ќе продолжат со протестите.
На студентите им се придружија и други граѓани, а со тоа се проширија и барањата. Меѓу нив е и оставката на премиерот Еди Рама.
Рама го отфрли барањето за оставка, наведувајќи дека демонстрантите не презентирале конкретни причини зошто треба да се повлече од функцијата. Тој ги повика студентите да водат директна и разумна дебата за причините поради кои бараат негово заминување од премиерската функција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
