Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво во неговите два претседателски мандата, додека Американците се загрижени поради високите цени на бензинот и сè повеќе се наклонети да ги казнат републиканците на конгресните избори на 3 ноември. Ова го покажува најновата анкета на „Ројтерс“ и „Ипсос“, чие спроведување заврши во понеделникот.Само 31 отсто од Американците го одобруваат работењето на Трамп како претседател, што е пад од еден процентен поен во споредба со анкетата пред две недели и најнизок рејтинг во кој било од неговите два мандата.
На прашањето за која партија би гласале доколку конгресните избори се одржат денеска, 47 отсто од регистрираните гласачи ги избрале демократите, а 35 отсто републиканците.
Предноста од 12 процентни поени е најголема за демократите во текот на актуелниот изборен циклус и може да ги зголеми нивните шанси да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот на американскиот Конгрес.За републиканците, губењето на контролата врз кој било од двата дома би можело да ја отежне реализацијата на агендата на Трамп во последните две години од неговиот мандат.
Во претходната анкета, спроведена пред две недели, демократите имаа предност од седум процентни поени, со поддршка од 44 отсто наспроти 37 отсто за републиканците.
Падот на поддршката за републиканските кандидати во голема мера се должи на зголемениот број жени кои изјавиле дека би гласале за демократите.
Околу 50 отсто од жените со право на глас ги поддржале демократите, додека 32 отсто се определиле за републиканците. И мажите им дале предност на демократите, но со помала разлика.
Анкетите со прашањето за општа поддршка на партиите на национално ниво даваат слика за расположението на гласачите, но не ги опфаќаат сите специфики на изборите во одделните сојузни држави и изборни единици, кои ќе одлучат кој ќе има контрола врз Сенатот и Претставничкиот дом. Републиканците и натаму имаат одредени структурни предности во овие трки.
Популарноста на Трамп е во пад откако во февруари нареди воени напади врз Иран, заедно со сојузникот Израел. Војната предизвика нагло зголемување на цените на бензинот, што директно ги погоди семејните буџети.
Дури 68 отсто од Американците не го одобруваат начинот на кој Трамп управува со економијата. Меѓу нив се и 37 отсто од испитаниците кои се изјасниле како републиканци.
На прашањето која партија би управувала подобро со економијата, 40 отсто од испитаниците ги избрале демократите, а 33 отсто републиканците.
Анкетата била спроведена онлајн на примерок од 1.679 полнолетни Американци, меѓу кои 1.279 регистрирани гласачи. Маргината на грешка изнесува два процентни поена за сите испитаници и три процентни поени за регистрираните гласачи.
Tagged as:
Поддршката за Трамп падна на најниско ниво
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
