Background

Мелони со војска ќе го брани Милано од демонстрантите

Италијанската влада ќе испрати дополнителни 500 војници за да го „одбрани Милано“ по дводневните немири во кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници и уништуваа имот, соопшти вицепремиерот Матео Салвини.

Се очекува распоредувањето на војниците да биде дел од пакетот безбедносни мерки за кои владата треба да одлучува на денешната седница. Одлуката доаѓа во момент кога продавниците во центарот на Милано почнаа порано да ги затвораат вратите и да ги покриваат излозите со дрвени плочи, стравувајќи од ново избувнување насилство во финансискиот центар на Италија, објави „Гардијан“.

- Advertisement -
Ad image

 

„Од зборови на дела: уште 500 војници за одбрана на Милано“, напиша Салвини на социјалните мрежи. Тој е лидер на десничарската партија Лига, која е дел од владејачката коалиција.

Повеќето продавници во луксузната миланска трговска улица Виа Монте Наполеоне, каде што се наоѓаат брендовите „Шанел“, „Тифани“ и „Диор“, од претпазливост ја отстранија стоката од излозите. По улицата патролираа полицајци, додека мал број туристи ја следеа ситуацијата.

Неколку стотици демонстранти со качулки, меѓу кои, според проценките, имало и многу малолетници, за време на викендот палеа контејнери за отпад и ограбуваа продавници во центарот на градот.

Немирите избувнаа по протестот во саботата, кој првично беше мирен. Учесниците протестираа поради лошите јавни услуги и растот на трошоците за живот.

Меѓу ограбените продавници беа спортските синџири „Декатлон“ и „Арктерикс“, како и продажни места на телекомуникацискиот оператор „Водафон“, покажаа телевизиските снимки. Модните брендови „Левис“ и „Андер Армор“, како и „Декатлон“, ги покрија излозите со картон и дрвени плочи.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го осуди насилството и вчера одржа состанок со министрите и раководителите на безбедносните служби за да ја разгледаат ситуацијата. Следната година во Италија треба да се одржат национални избори.

„Владата решително ќе одговори на овие напади врз државата, меѓу другото и со мерки насочени кон сузбивање на насилството меѓу малолетниците“, напиша на социјалната мрежа Икс министерот за надворешни работи Антонио Тајани, кој, исто како Салвини, е вицепремиер.

Според весникот „Кориере дела Сера“, Мелони во рамките на планираните мерки разгледува продолжување на превентивниот притвор за малолетници и мерки против малолетничките банди.

Се разгледува и можноста за порано да стапат во сила одредени одредби од новиот закон за безбедност, кој во моментов е во парламентарна процедура.

 

Италијанската полиција соопшти дека за време на неделните немири во Милано привела 271 младо лице.

На немирите им претходеа судири во саботата и во други градови во северна Италија, меѓу кои Болоња, Бреша, Бергамо и Торино. Според полицискиот извештај објавен во неделата, во Торино биле уапсени 28 демонстранти.

Немирите потсетуваат на протестите во соседна Франција, каде што во саботата стотици илјади луѓе излегоа на улиците незадоволни од растот на трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги. Станува збор за некои од најнасилните протести во Франција во последните години.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖