Background

Во Тирана и денеска продолжија антивладините протести, седми ден по ред, кои повторно ескалираа во судири меѓу демонстрантите и полицијата

Во Тирана и денеска продолжија антивладините протести, седми ден по ред, кои повторно ескалираа во судири меѓу демонстрантите и полицијата. Безбедносните сили употребија солзавец и водени топови за да ја растераат толпата, откако дел од учесниците фрлаа камења, петарди и молотови коктели кон полициските кордони и објектите во центарот на градот.

Протестот започна во попладневните часови, кога демонстрантите се упатија од зградата на премиерот по булеварот „Маченици на нацијата“, кон плоштадот Скендербег, еден од главните собирни простори во албанската престолнина.

Ситуацијата дополнително се влоши кога дел од демонстрантите почнаа да фрлаат пиротехнички средства и молотови коктели. Полицијата одговори со солзавец и водени топови, а дел од толпата продолжи кон Министерството за внатрешни работи и плоштадот Скендербег.

- Advertisement -
Ad image

Во текот на немирите беа искршени прозорци на зградата на Апелацискиот суд, а на неколку раскрсници беа запалени корпи за отпадоци. Поради судирите и нарушувањето на јавниот ред и мир, полицијата приведе повеќе демонстранти. Засега, нема податоци за вкупниот број приведени и повредени.

Од студентски барања до повици за оставка

Протестите првично беа поттикнати од незадоволството на студентите поради состојбите во образовниот систем, недоволните инвестиции во универзитетите, лошите услови за студирање и недостигот од студентски домови и други сместувачки капацитети.

EPA/MALTON DIBRA

Дополнителен извор на незадоволство се високите трошоци за живот, особено скапите кирии и ограничените можности младите да обезбедат финансиска независност. За многу студенти, трошоците за студирање и домување претставуваат сериозен товар, додека неизвесноста околу вработувањето по дипломирањето ги продлабочува стравувањата за нивната иднина.

Со текот на деновите, протестите добија поширок политички карактер. На студентите им се приклучија и други граѓани, а барањата повеќе не се ограничуваат само на образованието. Дел од демонстрантите сега отворено бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт од 2013 година.

Владата под притисок, Рама не попушта

Рама ги отфрли повиците за оставка и порача дека нема да се повлече од функцијата. Тој истовремено ги осуди насилството и уништувањето на јавниот и приватниот имот, правејќи разлика меѓу правото на мирен протест и нападите врз институциите и полицијата.

Рама најави еднократна парична награда од по 2.500 евра за полицајците кои беа распоредени во првите редови за време на протестите во Тирана.

Одлуката била соопштена на средба со полициските раководители на 19 октомври, на која присуствувал и министерот за внатрешни работи Ервин Демо, објави „Еуроњуз Албанија“. Рама посочил дека средствата ќе бидат достапни веднаш и дека сите полицајци опфатени со мерката ќе добијат ист износ, без оглед на редовната плата.

Најавено продолжување на протестите

Дополнително на протестите влијаат и контроверзите околу големите туристички и недвижносни проекти поврзани со странски инвеститори, како што беше комплексот на зетот на Доналд Траммп, Џеред Кушнер, кој беше повод за неодамнешната серија протести кои го добија имемто „Фламенго револуција. Демонстрантите без револтирани од нетранспарентноста на владата, игнорирање на јавниот интерес и загрозување на природните подрачја.

Студентите најавуваат дека нема да се откажат од своите барања и дека ќе продолжат со протестите. Засега останува неизвесно дали владата ќе понуди конкретни мерки за подобрување на условите во образованието или политичката конфронтација ќе продолжи да се продлабочува.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖