Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави за време на посетата на Узбекистан дека Украина и Русија треба да се фокусираат на завршување на меѓусебната војна, зашто лесно може да се случи во овјната да бидат вовлечени и други држави.
На новинарско прашање за можната средба на американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг, на која би се разговарало за завршување на четиригодишниот конфликт, Рубио одговори дека се разговарало за таква можност.
– Се зборуваше за средба. Не знам дали сè е договорено, но претседателот беше јасен. Тој сака да заврши војната меѓу Украина и Русија – рече Рубио.
Рубио синоќа пристигна во Самарканд на средба со високи претставници на групацијата Ц5+1, која ги обединува САД и постсоветските држави со мнозинско муслиманско население: Узбекистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Туркменистан. Претседателот Трамп ги пречека лидерите на земјите од Ц5 во Белата куќа во ноември минатата година.
– Не гледаме ништо добро во оваа војна. Гледаме многу негативни последици, меѓу кои и многу реален ризик конфликтот да ескалира и да се прошири во друга земја поради неуспешен обид за саботажа или поради беспилотни летала кои, откако ќе бидат погодени со електронско војување, ќе залутаат во соседна држава – рече Рубио.
САД се обидуваат да посредуваат во постигнувањето мировен договор за завршување на војната во Украина. Во меѓувреме, Трамп склучи договор за увоз на дизел од Русија и укина дел од санкциите кон Москва. Тој смета дека овие потези треба да го задржат Кремљ на преговарачката маса.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше овие потези.
Во новиот руски воздушен напад врз Киев, изведен во текот на ноќта, загина една жена. Во нападот била погодена и метро-станица, а оштетена била и станбена зграда со 25 ката.
Tagged as:
Рубио повикува на завршување на 4-годишниот конфликт
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
