Обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, со одземена македонска патна исправа и со следно рочиште закажано за 9 ноември, ја премина границата и се наоѓа во Бугарија. Македонските институции за околностите засега молчат, а прашањата се повеќе од одговорите.
Ива Михаилова од Кочани, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, веќе е во Бугарија. Тоа го соопшти бугарски политичар од партијата «Преродба», кој случајот го претстави како успех: напиша дека „институциите ја завршиле работата“ откако ,ги пропуштиле првите седум месеци. Објавата доаѓа неколку дена по средбата во Софија меѓу министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова, каде што се отвори и нејзиниот случај.
Од македонска страна нема официјално соопштение. Не е јасно како обвинета лица со изречени мерки ја напуштила државата, дали судот ѝ го дозволил патувањето и како тоа ќе се одрази на постапката. Ни тоа дали граничната контрола воопшто знаела за мерките.
Она што е познато е проблематично. Судот ѝ ја одзел македонската патна исправа како мерка на претпазливост. Но, како што е јавно познато, таа има и бугарско државјанство. Затоа се наметнува прашањето: дали мерка што ја опфаќа само македонската исправа е доволна, кога судот го знаел државјанството? Според нејзината изјава, на границата ја покажала македонската лична карта. Нејзиниот адвокат одби да каже на кој премин поминале и призна дека постапките може да значат прекршување на мерките.
Ова не е само правно прашање. Министерот Муцунски само неколку дена претходно рече дека судската постапка е одделена од правото на здравствена заштита и дека власта не може да интервенира во судските одлуки. Принципот е точен. Но тогаш кој одговара кога обвинет со изречени мерки ја напушта државата? Судот, јавното обвинителство или граничната полиција?
Бугарското МНР вели дека не било однапред известено и дека не учествувало во враќањето. Ако е така, станува збор за заминување организирано од приватни лица, а сепак минато низ државна граница. Тоа е вистинската тежина на случајот.
Правата на обвинетата, меѓу нив и правото на здравствена заштита и претпоставката на невиност, не се споредни. Но не се споредни ни семејствата на жртвите, кои чекаат пресуда. Тие немаат избор како Михаилова: тие остануваат во државата чии институции не успеаја да го задржат главниот актер во постапката.
Затоа, прашањата што мора да се одговорат се јасни:
Срамот, ако го има, не е во тоа што една обвинета избрала да замине. Срамот е ако државата не знае или не сака да објасни како тоа било можно.
Редакција Охрид Скај
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
