Background

СТОЧАРИТЕ ЌЕ БИДАТ ОБЕСШТЕТЕНИ, ОВЦИТЕ ВАКЦИНИРАНИ

Обезбедени се 450.000 вакцини против сипаници кај овците и козите од Европската Унија и е добиена дозвола за нивна употреба, а следната недела Министерството за земјоделство ќе одржи средба со претставниците на сточарите за да се договорат наредните чекори и можноста за спроведување вакцинација на добитокот – изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

– Остварив контакт со претседателот на Сојузот на сточарите и побарав итна средба во врска со новите информации што ги добивме од Европската комисија. Средбата беше планирана за утре бидејќи требаше да ги соопштиме позитивните информации што ги добивме, односно обезбедувањето 450.000 вакцини од Европската Унија и дозволата за нивна употреба и аплицирање. Но поради оправдано отсуство на претставниците на Сојузот и нивна посета на Молдавија, состанокот е одложен за наредната недела.

Одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со сипаниците кај овците, тој оцени дека состојбата се стабилизира и дека засега ширењето е ограничено на Источниот Регион.

- Advertisement -
Ad image

– Источниот Регион е еден од најпогодените, а за среќа, засега е единствениот во кој е регистрирано ширење на сипаниците. Во другите региони немаме појава на нови случаи. Според информациите што моментно ги добиваме од Агенцијата за храна и ветеринарство, бројката се стабилизира. Сточарите постапуваат во согласност со сите пропишани мерки за заштита и чување на добитокот, односно спроведуваат изолација на стадата, поради што се намалува бројот на заболени грла – изјави министерот.

Серафимовски најави дека во координација со сточарите ќе се разгледуваат следните чекори во справувањето со болеста.

– Во наредната фаза, која треба заеднички да ја договориме со Сојузот, ќе ја разгледаме можноста за вакцинација на добитокот во согласност со препораките на европските експерти – рече тој.

Одговарајќи на прашање колку овци досега се уништени поради појавата на болеста, министерот изјави дека бројката се движи кон 10.000 грла и дека веќе се подготвува обесштетување за погодените сточари.

– Досега приближно 10 илјади грла се уништени за кои е направена методологија и веќе е разговарано за моделот за обесштетување на самите сточари. Инаку, во согласност со правилата, кои се во АХВ, на истото место најмалку шест месеци нема да може повторно да се чува добиток. Така што, ние ќе гледаме максимално што можеме да извршиме исплата кон сточарите за да може да се подготват за повторно набавување нови овци – рече Серафимовски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖