Background

ВЕШТАК НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ОНКОЛОШКИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ДАВАНИ СОГЛАСНО ЕВРОПСКИТЕ ПРОТОКОЛИ

Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на одбраната Владимир Даниловски за терапијата на онколошките пациенти на денешното вкрстено испрашување во Основниот кривичен суд во Скопје каде продолжи судењето за случајот „Онкологија“.

На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за Несовесно лекување пациенти, Обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и со терапија. Вештакот нагласи дека лековте се дадени согласно европските протоколи. На најголем дел од прашањата нагласуваше дека тоа се онколошки прашања и дека останува на тоа што го дал како мислење.

Даниловски, за конкретен пациент рече дека со дадената терапија контролата и преживувањето било 38 месеци, додека за таква состојба на пациенти просечното преживување со модерна системска терапија е 16 до 24 месеци.

- Advertisement -
Ad image

На прашање дали му е познато каде во светот во последните 30 години се користеле цитостатици во третман на канцер на црн дроб, вештакот одговори дека не му е познато.

Прашан дали му е позната токсичноста на комбинираната терапија, вештакот рече дека доколку има несакани ефекти истите треба да се докажаат, дали со токсични анализи и лабораториски параметри или оштетени органи, нагласувајќи дека „секој лек има несакани ефекти, не само онколошките лекови“.

Обвинителството, бараше вештото лице да образложи врз основа на кои официјални протоколи го темели своето давање заклучоци за конкретната употребена терапија дека е правилна.

– Ова вешто лице, ако го видите неговото излагање, дава заклучоци, меѓутоа не се произнесува од каде го извлекува заклучокот и сметам дека ова е многу битно да го одговори – појасни обвинителката.

Прашан како го коментира давањето конкретна онколошка терапија, вештакот Даниловски рече „тоа најдобро може да го одговори конкретниот онколог, кој имал директен увид во здравствената состојба на пациентот“.

– Тоа е мое лично согледување и го базирам на мојата долгогодишна лекарска пракса во регионален центар за хронична хемодијализа во Гостивар – изјави Даниловски.

Адвокатот Боби Спирковски, бранител на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, во изјава за медиумите реагираше дека вештото лице од областа на судската медицина е повикано да одговори на клучното прашање за кривичната одговорност во случајот „Онкологија“ – дали дадената терапија ја влошила состојбата на пациентите или предизвикала нивна предвремена смрт, а не да се води стручна дебата за изборот на лекови.

Според Спирковски, прашањата околу тоа кој лек требало да се даде се прашања за медицински конгреси, а не за утврдување кривична одговорност во судска сала.

– Вештото лице од судска медицина одговара за сите пациенти на клучното прашање: дали дадената терапија ја влошила состојбата на пациентот или ја забрзала неговата смрт? Тоа е специјалноста на судската медицина. Кривично се одговара ако лекот што сте го дале му причинил штета на пациентот, му ја влошил состојбата или предизвикал смрт. Ако за тоа нема докази и причинско-последична врска, тогаш ваквите прашања тотално не одговараат на суштината на спорот. Овде утврдуваме кривична одговорност, а не сме на конгрес – изјави Спирковски.

Тој исто така го оспори учеството на доктор Милан Ристовски како технички советник на Обвинителството, обвинувајќи дека лице коешто веќе поднело кривична пријава во полиција против колегите не може суштински да биде објективен советник во постапката.

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО Скопје.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за Несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на 2 години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖