Опозицијата и медиуми блиски до неа не ја говорат вистината и се обидуваат да искривуваат. Јас кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она што во иднина претставува посветеност лична и посветеност на ЕУ, мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот кој што следи, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по пуштање во употреба на градинка во Теарце.
– Претседателката Фон Дер Лајен, како никогаш досега кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она кое што е посветено на приклучување на државата кон ЕУ. Така што, јас очекувам дека во периодот кој што следи, конечно ќе можеме сите ние да го интензивираме овој процес и да најдеме решение од ситуацијата во која се наоѓаме – рече Мицкоски.
При нејзината последна посета на Скопје, во петокот, претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен оцени дека, доколку се деблокира ситуацијата, процесот со Македонија може да се одвива брзо, бидејќи, како што рече, земјата веќе интензивно работи на неопходните реформи.
– Во моментот кога ќе ја деблокираме ситуацијата тука, моето лично мислење е дека можеме да бидеме мошне брзи со Македонија, затоа што веќе интензивно работиме на реформите кои се неопходни. Да, сè уште има работа, но импресивно е она што досега го имате направено. Северна Македонија навистина постигна успех со Планот за раст и тоа е благодарение на вашиот личен ангажман, на вашата лична подготвеност и ви благодарам за тоа. Веќе добивте 140 милиони евра, а ќе следуваат и дополнителни исплати во претстојните недели, а напредокот е навистина импресивен – рече Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Мицкоски.
Tagged as:
ОПОЗИЦИЈАТА ЈА ИСКРИВУВА ВИСТИНАТА ЗА ПОРАКИТЕ НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
