Тереза Кесовија се наоѓа во Клиничката болница Дубрава во Загреб, каде што била примена минатата недела поради кардиолошки проблеми. Првите два дена ги поминала на одделот за интензивна нега, а потоа, откако состојбата ѝ се подобрила, била префрлена на болнички оддел. Доколку закрепнувањето продолжи според планот, треба да биде пуштена на домашно лекување.
– Многу сум подобро! Нормално дека ќе биде добро! Не се предаваме! – порача Кесовија, која и покрај престојот во болница е расположена и оптимистична.
Нејзиниот роденден годинава бил многу поинаков од она што го замислувала. Наместо да ги прослави своите 88 години со својата публика, Кесовија морала да остане во болница. Но, тоа не значи дека денот поминал без роденденска атмосфера.
За здравица немало шампањско, па пејачката наздравила со јогурт. Пријателката ѝ донела и роденденска торта – овошна торта со јагоди, нане и безе кори. Сепак, Кесовија не се откажува од вистинска прослава по излегувањето од болница.
– Ќе го прославам роденденот во друштво на моите најблиски, со нешто поконкретно за јадење – рекла таа, додавајќи дека веќе ја прашала својата Гога дали повторно би ја направила истата торта.
Оваа година роденденот требаше да биде многу поинаков. Кесовија на 3 и 4 октомври требаше да настапи пред загрепската публика во „Лисински“, но концертите беа откажани поради неочекуваните кардиолошки проблеми. Таа претходно им се обрати на обожавателите и им објасни дека, по совет на лекарскиот тим, мора да го одложи настапот и да му даде време на срцето да се опорави.
Најмногу жали поради тоа што не можела роденденот да го помине со публиката.
– Жал ми е што поради виша сила не можев да го одржам долго најавуваниот концерт во Загреб и да го прославам со мојата публика. Толку многу се радував… Но, штом целосно закрепнам, сè ќе надоместиме – порачала пејачката.
Кесовија годинава веќе настапи во Сплит и во родниот Дубровник, во рамките на нејзината проштална концертна турнеја. Загрепските концерти требаше да бидат следната голема станица, но засега сцената ќе мора да почека.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
