Background

Иста поза, иста насмевка: зошто балканските лидери изгледаат исто на фотографиите со Трамп

Фотографиите на балканските лидери со американскиот претседател Доналд Трамп, објавени на нивните официјални профили, предизвикаа забелешки кај јавноста поради еднаквата поза и насмевка на Трамп на сите слики.

На фотографиите, меѓу кои оние на албанскиот премиер Еди Рама и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, Трамп е во иста облека, со светлосина вратоврска, насмеан и со подигнат палец, пред иста златна позадина и американски знамиња. Менуваат се само луѓето покрај него.

Тоа остави простор за шпекулации на социјалните мрежи, од монтажа до тврдења за „макета“. Сликите, сепак, се објавени на официјални профили, а ништо во нив не упатува на манипулација.

- Advertisement -
Ad image

Поверојатно објаснување дава праксата. Според албанскиот портал Exit.al, секоја година за време на Генералното собрание на ОН американскиот претседател приредува вечера за државните и владините шефови, а на крајот претседателот и првата дама се фотографираат со секој лидер и неговата сопруга или сопруг, кои чекаат во ред. При таква серија, домаќинот стои на истото место и повторува ист гест, па сликите изгледаат слично.

Од друга страна, фотографијата сама по себе не значи и официјална средба. Според CNN, Белата куќа објавила со кого ќе се сретне Трамп во Њујорк за време на Генералното собрание, а Мицкоски и други лидери од Балканот не бил на списокот. Во коментар на Либертас се тврди дека на сајтовите на Белата куќа и на Стејт департментот нема официјална објава за состанок на Мицкоски со висок функционер за посетата од 15 до 22 септември 2026. Тоа е коментар, а не официјална потврда.

Редакцијата не може самостојно да утврди каде и кога се снимени конкретните фотографии. Затоа е важно да се прави разлика меѓу протоколарна слика и билатерална средба. Од Владата и од Канцеларијата на албанскиот премиер сеуште не сме добиле појаснување за околностите под кои се направени сликите, а нема ниту од страна на македонската влада.

С.Д.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖