Background

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска напладне пристигнува во Скопје на средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска напладне пристигнува во Скопје на средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Според агендата, фон дер Лајен прво ќе има тет-а-тет средба со Мицкоски и средба со членовите од владиниот кабинет по што ќе одржи заедничка прес-конференција со премиерот Мицкоски. Потоа, во 14:30 часот е закажана средбата со претседателката Сиљановска-Давкова.

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје како дел од нејзината балканска турнеја, во која овој пат не се опфатени Србија и Босна и Херцеговина каде се закажани избори.

- Advertisement -
Ad image

Во фокусот на разговорите во Скопје ќе биде европската интеграција на земјава, а се очекува да стане збор и за спорот со Бугарија.

„Политико“ објави дека Европската унија подготвува пакет со планови за забрзување на процесот на пристапување за четири држави меѓу кои не е Македонија. Станува збор за Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора.

Мицкоски во вторникот во изјава за медиумите рече дека објавата на „Политико“ е нелогична затоа што Македонија испорачала најголем дел од реформите.

– Ако е тоа точно треба да ја прашате ЕУ, зошто е тоа така. Таа информација ја објави медиум. Имајќи во предвид дека ние испорачавме најголем дел од реформите што се дел од Реформската агенда и Планот за раст веќе во два извештајни периоди и дека пристапувањето во ЕУ е процес во кој се оценува врз основа на заслуги, за мене ова е нелогично. Затоа треба да видиме дали е така или не е. Моите информации велат дека не е така – изјави Мицкоски

Опозицијата вчера упати остри критики до Владата предводена од Мицкоски предупредувајќи дека Македонија ризикува да остане изолирана во момент кога други земји напредуваат кон ЕУ, а тоа негативно ќе се одрази на севкупниот живот во земјата.

Поради официјалната посета на земјава на претседателката на Европската комисија СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај за денеска воведе посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖