Поддршката за проширувањето на ЕУ е голема, јавното мислење е со голема подршка за членство во ЕУ, Македонија успешно ги спроведува реформските процеси, бележи трет најголем економски раст во Европа и целосно сме усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата посветена на проширувањето на ЕУ, што се одржа во Брисел во организација на тинк-тенк орагнизацијата „Пријатели на Европа“.
– Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3%, што е трет највисок во Европа. Она што е многу важно за мојата земја: имаме политичка, економска, но и меѓуетничка стабилност и кохезија, нешто кон кое стремевме во минатото. Кога ќе ја погледнете целата слика, земјата се движи во добар правец. Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80%, не 90%, туку 100%. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал е ова вето од Бугарија – истакна Николоски
Тој посочи дека поддршката од ЕУ за Македонија е голема, а значаен сигнал е тоа што претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Скопје.
– Сега работите дефинитивно се менуваат. Секако, ситуацијата со Украина и со Молдавија му помага на целиот процес на проширување и тоа треба да се искористи. Постои интерес за регионот. Претседателката Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – беше во Албанија, Црна Гора, Косово и доаѓа во Македонија, што е одличен сигнал. Се надевам дека ќе се најде механизам што Европската комисија ќе може да го искористи и да ги отвориме пристапните преговори. Отворените прашања со соседите мора да се решат на еден или друг начин, но сметам дека атмосферата ќе биде многу порелаксирана и позитивна ако ги започнеме преговорите – рече Николоски.
Тој потенцира дека успехот на регионот е заедничкиот настап и тоа веќе се препознава преку економскиот раст на регионот, преку развојот на туризмот и развојот на ависообраќајот, соопшти Министерството за транспорт.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
