Background

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛО

Политиката на проширување на Европската Унија е клучна за демократската трансформација, владеењето на правото и унапредувањето на добрососедските односи, а кредибилната европска перспектива е од суштинско значење за стабилноста и безбедноста на регионот, порача денеска заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на состанокот со министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, кој се одржува во Пржно, Црна Гора.

Европската интеграција, регионалната соработка и зајакнувањето на стабилноста и безбедноста во Западен Балкан биле во фокусот на состанокот, на кој, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, учествувале министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и од земјите членки на ЕУ, учесници во Берлинскиот процес, како и високи претставници на Европската комисија, Советот за регионална соработка и Регионалната канцеларија за младинска соработка.

Димитровски во своето обраќање истакнал дека стабилноста на Западен Балкан не е само регионално прашање, туку и европска неопходност. Во услови на сложени геополитички состојби и зголемена изложеност на надворешни влијанија, тој ја нагласил важноста на континуираниот регионален и европски дијалог.

- Advertisement -
Ad image

Тој нагласил дека билатералните прашања не треба да претставуваат пречка на патот кон ЕУ, бидејќи тие ризици ја слабеат европската перспектива, а со тоа и безбедноста и отпорноста на земјите од регионот и на Европа.

– Со нашиот источен сосед сакаме европски, а не средновековен дијалог – дијалог за иднината, а не за историјата. Во процесот на пристапување кон ЕУ треба да ги трансформираме институциите и да воспоставиме правна држава, а не да го трансформираме идентитетот и да го менуваме историскиот наратив – истакнал Димитровски.

Во своето обраќање Димитровски се осврнал и на важноста на Берлинскиот процес како значајна платформа за унапредување на регионалното поврзување, олеснување на слободното движење и создавање подобри услови за економски развој, мир, стабилност и просперитет во Западен Балкан, со цел забрзано приближување на регионот кон европските стандарди.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖