Силно невреме денеска го погоди јужниот дел на Грција и предизвика поплави на Крит, при што две лица се повредени откако се урнал мост во моментот кога со автомобил минувале преку него во регионот на Ретимно, соопштија локалните власти.
Повредените, брачен пар, со автомобил минувале преку мостот во Ливадија, планинско село на околу 40 километри југозападно од Ираклион, кога поројните поплави оштетиле дел од конструкцијата, пишува порталот „Екатимерини“.
Двајцата се пренесени во болница на лекување, а нивната здравствена состојба засега не е позната.
Невремето предизвикало и прекин на електричната енергија, поради што без струја останале Зонијана, Ливадија и Аногеја.
Обилните врнежи во планинската област Милопотамос ги принудиле надлежните да ги затворат сите училишта и градинки. Настава не се одржува ниту во Ханија и Ретимно.
Градоначалникот Јоргос Кладос побарал министерот за климатска криза и цивилна заштита, Евангелос Турнас, да прогласи вонредна состојба во општина Милопотамос поради обилните врнежи што го погодија регионот и предизвикале сериозни проблеми, особено во планинските села.
Во Зонијана поројните води носеле автомобили, се наведува во извештаите.
Слична била ситуацијата и во Ливадија, додека патиштата низ Крит претрпеле сериозни оштетувања.
Рано утринава бил упатен итен апел до граѓаните да го ограничат движењето и да ги избегнуваат подрачјата околу Зонијана, Ливадија и Милопотамос.
Траектните линии од атинските пристаништа Рафина и Лаврио биле прекинати, а пристанишните власти очекуваат подоцна во текот на денот да објават нови информации за тоа дали пловидбата и поаѓањата ќе продолжат по пладне.
Националната метеоролошка служба (EMY) прогнозира нестабилно време во јужна Грција, особено на Крит, сè до недела, со силни ветрови во Егејското Море.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
