Иран е подготвен за „војна до судниот ден“ со САД, но истовремено останува отворен за дипломатско решение, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за американската телевизија Ен-би-си.
– Решително ќе се спротивставиме на секоја агресија, па и ако дојде до војна до судниот ден. Во исто време сме подготвени и за дипломатија – рече Арагчи.
Шефот на иранската дипломатија се осврна и на иранскиот предлог за седумдневно примирје, оценувајќи го како „многу разумен план“ кој сè уште е на маса.
– Мораме да кажеме дека не слушнавме како претседателот Трамп го одбива овој договор, но сè уште чекаме официјален одговор преку посредниците – посочи Арагчи.
Според иранскиот предлог, Техеран би ја отворил Ормускиот Теснец во рок од една недела и би продолжил со нуклеарните преговори доколку САД ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа и ги олеснат санкциите поврзани со продажбата на иранска нафта.
Иранските услови, според предлогот, вклучуваат и прекин на огнот, додека Вашингтон бара отстапки од Техеран во однос на нуклеарната програма.
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го одби последниот ирански предлог. Тој изјави дека Техеран сака договор за повторно отворање на Ормускиот Теснец бидејќи, според него, „губи на сите полиња“.
Трамп, сепак, во разговор за „Аксиос“ денеска изјави дека очекува разговорите со Иран да продолжат оваа недела.
– Тие сакаат да постигнат договор, но тоа не е договорот што јас сакам да го направам. Тоа е нешто за што можевме да се согласиме пред една година – изјави Трамп.
Тој истовремено остави отворена можност за продолжување на воените операции, велејќи дека „секогаш размислува“ за повторно започнување на нападите врз Иран.
Иран, од друга страна, преку Арагчи порачува дека и покрај одбивањето на предлогот од страна на Трамп, останува подготвен за преговори и дипломатско решение.
Според информациите од преговорите, Катар и други регионални посредници продолжуваат со дипломатските напори меѓу Вашингтон и Техеран, а нова рунда индиректни разговори би можела да се одржи уште оваа недела.
Главна точка во преговорите останува Ормускиот Теснец, преку кој поминува значаен дел од светската трговија со нафта, како и прашањето за американската блокада, санкциите и иранската нуклеарна програма.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
