Background

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14 часот и 4 минути ја затресе областа на Преспа, а потресот бил почувствуван и во Битола и околината

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14 часот и 4 минути ја затресе областа на Преспа, а потресот бил почувствуван и во Битола и околината.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил во епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на земјава, особено во Битола и околината, со интензитет од III до IV степен според Европската макросеизмичка скала.

- Advertisement -
Ad image

Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале потресот да се јават на телефонскиот број 112, со цел нивните податоци да бидат искористени за сеизмолошките истражувања.

Опсерваторијата и претходно во септември регистрираше потреси почувствувани во југозападниот дел на земјава, меѓу кои и земјотресот од 2,9 степени на 24 септември, кој беше почувствуван во Битола, Ресен и околината.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖