Background

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ ЊУЈОРК, РЕКАТА НАДСОН СЕ ИЗЛЕА

Силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер го погоди североистокот на Соединетите Американски Држави, предизвикувајќи поплави во крајбрежните подрачја, прекини на електричната енергија и откажување на стотици летови и настани.

Силниот ветер урна далноводи, поради што во Њу Џерси без електрична енергија останаа речиси 28.000 корисници.

На Лонг Ајленд и во областа Рокавејз, според компанијата „PSEG Long Island“, во саботата вечерта без струја биле речиси 13.000 корисници.

- Advertisement -
Ad image

Невремето, познато како нор’истер, донесе силни ветрови, обилни дождови и опасност од крајбрежни поплави долж источниот брег на САД.

Комбинацијата од силните налети на ветерот и исклучително високата плима предизвика поплави во крајбрежните делови на сојузните држави Њу Џерси и Њујорк. Под вода останаа улици, автомобили и приземја на одделни објекти.

Во Еџвотер, Њу Џерси, реката Хадсон се излеа од коритото, поради што службите за итни случаи евакуираа гости од хотелот на крајбрежјето. Американските медиуми објавија дека водата навлегла и во паркинзи и улици, при што некои возила биле речиси целосно потопени.

Поплави беа регистрирани и во населено место во близина на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк.

На одделни места налетите на ветерот надминале 80 километри на час, додека во Нантакет, во сојузната држава Масачусетс, достигнале околу 100 километри на час.

Силните ветрови и високата плима предизвикаа поплави долж крајбрежјето, а Националната метеоролошка служба предупреди на продолжена опасност од крајбрежни поплави и силни налети на ветер.

Невремето предизвика сериозни проблеми и во авионскиот сообраќај.

На аеродромот „Логан“ во Бостон биле откажани повеќе од 250 летови, што претставува околу една четвртина од сообраќајот на аеродромот, додека стотици летови на трите главни њујоршки аеродроми доцнеле.

Според податоците објавени во текот на саботата, на американските аеродроми биле откажани околу 425 летови, а повеќе од 1.300 доцнеле.

Невремето влијаеше и врз други настани. Беа откажани концерти и спортски настани, меѓу кои и настапите на музичарот Ед Ширан во Масачусетс.

Опасноста од нови крајбрежни поплави останува висока поради силата и бавното движење на невремето, како и исклучително високата плима поврзана со полната Месечина.

Предупредувања за крајбрежни поплави беа издадени за североисточен Њу Џерси, југоисточен Њујорк и крајбрежјето на Масачусетс, вклучително и Кејп Код и Нантакет.

Метеоролозите предупредуваат дека обилните врнежи би можеле да предизвикаат и поројни поплави, особено во крајбрежните делови на Масачусетс, делови од Род Ајленд и источен Лонг Ајленд. Значителни врнежи се очекуваат и во подрачјето на Њујорк.

Невремето предизвика прекини на електричната енергија низ североистокот на САД, а во најтешкиот период без струја биле повеќе од 100.000 домаќинства и деловни објекти.

Според метеоролозите, ова би можело да биде првата од серијата бури што во наредните месеци ќе го погодат источниот брег на САД по слична траекторија, под влијание на климатскиот феномен Ел Нињо.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖