Background

Хит-сцена на мечот на легендите на Вердер и Реал

Фудбалерите на легендарните тимови на Вердер Бремен и Реал Мадрид имаа необична „пауза за хидратација“ – наместо вода, на теренот им беа послужени пиво и шотови.

Несекојдневната сцена се случи на ревијалниот натпревар во Бремен, со кој Вердер го одбележа 100-годишниот јубилеј на својот „Везерштадион“. На трибините имаше околу 40.000 гледачи, а домаќините славеа со 4:3 против легендите на Реал Мадрид.

На паузата за освежување на теренот се појавија послужавници со чаши пиво и мали чаши со жесток пијалак. Фудбалерите, меѓу кои голем број познати имиња од германскиот и шпанскиот фудбал, ја прифатија необичната сцена како дел од славеничката атмосфера.

- Advertisement -
Ad image

Снимките од „хидратацијата“ веднаш се проширија на социјалните мрежи. Од официјалниот профил на легендите на Вердер сцената ја означија со „Ahlenfelder Gedeck – Hydration break“, алудирајќи на една од најпознатите фудбалски анегдоти во Бремен.

Ведрдер го победи Реал Мадрид со 4:3

И на теренот имаше што да се види. Реал поведе со голот на Рубен де ла Ред во шестата минута, а Сократис израмни за Вердер.

Хозе Каљехон повторно му донесе предност на Реал, но Маркус Розенберг израмни непосредно пред паузата.

Во второто полувреме Вердер направи пресврт. Ангелос Харистеас погоди за 3:2, а Диего во 72. минута зголеми на 4:2 со атрактивен погодок. Реал преку Агустин Гарсија Ињигез намали на 4:3, но домаќините ја сочуваа предноста до крајот.

За Вердер настапија голем број легенди, меѓу кои Диего, Аилтон, Налдо, Пер Мертесакер, Иван Класниќ, Тим Боровски, Марко Марин, Торстен Фрингс и Сократис.

Во составот на Реал беа Клод Макелеле, Пепе, Кристијан Карембе, Естебан Камбијасо и Хозе Каљехон, меѓу останатите.

На клупата на Вердер повторно се најдоа две големи тренерски имиња – Томас Шаф и Ото Рехагел. Рехагел, кој има 88 години, направи кратко тренерско враќање токму по повод јубилејот.

Шаф по натпреварот зборуваше за спомените од долгата историја на клубот и за големите натпревари што ги доживеал како играч и тренер.

– Имаме толку многу неверојатни години и спомени на кои можеме да се навратиме, од детството кога ги гледавме натпреварите од трибините, до големите мечеви што имавме среќа да ги доживееме. Лигата на шампионите очигледно беше еден од врвовите – изјави Шаф.

Како пивото стана дел од фудбалската историја на Бремен

Зад необичната пауза стои локална фудбалска легенда – судијата Волф-Дитер Аленфелдер.

На 8 ноември 1975 година, Аленфелдер го судел натпреварот од Бундеслигата меѓу Вердер Бремен и Хановер 96. Во еден од најпознатите судиски гафови во германскиот фудбал, тој го отсвирел крајот на првото полувреме по само 32 минути.

Играчите веднаш реагирале, а Аленфелдер по разговорот со помошникот сфатил дека згрешил и натпреварот продолжил. Подоцна повторно го прекинал полувремето, овојпат околу 90 секунди пред истекот на регуларните 45 минути.

Причината за необичната грешка подоцна самиот Аленфелдер ја поврзал со ручекот пред натпреварот. Тој рекол дека испил пиво и „Malteser“ шнапс, а неговата легендарна реплика била: „Ние сме мажи и не пиеме Фанта“.

Токму од оваа приказна во Бремен произлегол пијалакот познат како „Ahlenfelder“ – комбинација од пиво и Malteser. И денес во дел од бременските угостителски места може да се нарача такво „Gedeck“, во чест на култниот судија.

Затоа и организаторите на јубилејниот натпревар ја искористија оваа локална фудбалска традиција за необичната „пауза за хидратација“. Наместо класична вода или спортски пијалак – пиво и шот, како своеобразен омаж на Аленфелдер и специфичниот хумор што со децении е дел од фудбалската култура во Бремен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖