Македонија во првите седум месеци од годинава ја посетиле 741.446 туристи, што е за 1,5 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Растот е забележан и кај странските гости, чиј број е зголемен за 1,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од јануари до јули годинава во земјата биле регистрирани 523.751 странски туристи, наспроти 517.041 во истиот период во 2025 година. Домашните туристи биле 217.695, што е раст од 1,8 отсто.
Во истиот период се остварени 1.760.335 ноќевања, што е раст од 0,5 отсто во однос на првите седум месеци од минатата година.
Кај странските гости се забележува поголем раст – тие оствариле 938.113 ноќевања, или 2 отсто повеќе од истиот период лани. Кај домашните туристи, пак, бројот на ноќевањата е намален за 1 отсто, на 822.222.
Меѓу странските туристи во Македонија и натаму доминираат гостите од Турција, а меѓу позначајните пазари се и Германија, Србија, Романија и Албанија.
Само во јули, Македонија ја посетиле 223.711 туристи, што е 6,6 отсто повеќе од истиот месец лани. Од нив, 127.418 биле странски туристи, а 96.293 домашни.
Јулските податоци покажуваат и значително зголемување на странските ноќевања. Странските гости во јули оствариле 260.702 ноќевања, што е раст од 9,8 отсто во споредба со јули 2025 година. Вкупно, во текот на месецот биле остварени 795.083 ноќевања.
Податоците за туристичкиот раст се објавени по повод 27 Септември – Светскиот ден на туризмот.
Овогодишната тема на Светскиот ден на туризмот, утврдена од „UN Tourism“, е „Дигиталната агенда и вештачката интелигенција за редизајнирање на туризмот“.
Фокусот е ставен на сè поголемата улога на технологијата и иновациите во туристичкиот сектор, но и на зачувувањето на автентичното туристичко искуство.
Министерството за култура и туризам посочува дека вештачката интелигенција и дигитализацијата отвораат можности за поефикасно управување со туристичките дестинации, подобро планирање и создавање поперсонализирани и поквалитетни туристички искуства.
Како приоритети се издвојуваат вреднувањето и промоцијата на културното и природното наследство, развојот на квалитетни и одржливи туристички производи и услуги и примената на современи дигитални решенија.
Од Министерството оценуваат дека позитивните движења во секторот се поттик за продолжување на активностите за одржлив развој, подобрување на туристичката понуда и континуирана промоција на Македонија како туристичка дестинација.
Целта е создавање современ и конкурентен туристички сектор кој ќе ги следи светските трендови, но истовремено ќе ги зачува културните и природните вредности на земјата и ќе создава нови можности за економијата и граѓаните.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
