Комисијата за заштита на податоци (ДПЦ) на Ирска го казни „Гугл“ (Google) со 403 милиони евра за начинот, на кој компанијата ги обработувала податоците за локација на корисниците.
Казната е резултат на повеќегодишна истрага за „Гугл Ирска“ (Google Ireland), европската подружница на „Алфабет“ (Alphabet). Истрагата се фокусираше на законитоста на обработката на податоците за локација и дали „Гугл“ доволно им објаснил на корисниците како и зошто ги обработува податоците.
ДПЦ ја почна истрагата во февруари 2020 година откако доби неколку жалби од организациите за заштита на потрошувачите во земјите од ЕУ. Во тоа време, регулаторот изјави дека сака да утврди дали „Гугл“ има валидна законска основа за обработка на податоците за локација на корисниците и дали ги почитува обврските за транспарентност пропишани со ГДПР.
Според ГДПР, податоците за локација се сметаат за лични податоци бидејќи можат да се поврзат со идентификувано или препознатливо лице.
Ирската ДПЦ е еден од клучните европски регулатори за големи технолошки компании со европско седиште во Ирска. ДПЦ изминатите години иницира неколку постапки за заштита на лични податоци против „Гугл“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
