Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во споредба со просечните вредности за периодот 1991 – 2020 година.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, средномесечната температура се движела од 21 Целзиусов степен во Берово до 28,4 степени во Демир Капија. На ниво на целата држава просечната температура во август била 2,7 степени над просекот за триесетгодишниот период 1991 – 2020.
Највисоката максимална температура била измерена на 22 август во Гевгелија и изнесувала 41,6 степен. Најниската минимална температура била регистрирана во Берово на 16 август и изнесувала 5,7 степени.
Во текот на месецот биле регистрирани 27 тропски дена, како и долг топлотен бран, при што просечните средномесечни температурни вредности биле надминати во целата држава.
Август бил сушен во поголемиот дел од земјата. Месечната количина врнежи се движела од 0 милиметри во Скопје – Зајчев Рид до 63 милиметри во Берово.
Во одредени денови сепак имало локални бурни атмосферски појави, со поројни врнежи, град и силен, на места и оркански ветер.
Најголемото дневно количество врнежи од 44 милиметри било измерено во Берово на 24 август.
Во споредба со августовската просечна вредност за многугодишен период (1991 – 2020), измерената месечна вредност на врнежи била под просечната, односно за 67 отсто помала од просечната на ниво на држава.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
