Background

Лорен Шауерс преживеал страшна несреќа, а денес заедно со сопругата покажуваат како изгледа нивното секојдневие

Лорен Шауерс имал само 18 години кога на 27 септември 2019 година доживеал страшна несреќа на градилиште во Монтана. Возејќи виљушкар преку мост, машината паднала од околу 15 метри, а Лорен останал приклештен под неа. И покрај катастрофалните повреди, тој бил свесен и успеал да преживее.

Неговата карлица и нозете биле целосно здробени, а десната рака била тешко повредена. Лекарите на крајот морале да направат исклучително ретка операција – хемикорпоректомија, со која му бил отстранет долниот дел од телото, вклучително и карлицата и нозете. При операцијата биле отстранети и гениталиите и делови од уринарниот и дигестивниот систем, а подоцна Лорен добил и посебни медицински помагала за да може да функционира што посамостојно.

Во тие најтешки моменти покрај него била Сејбија Рајхе, неговата тогашна девојка. Двајцата биле заедно околу 18 месеци кога се случила несреќата, а Сејбија повеќепати се збогувала со Лорен бидејќи лекарите не знаеле дали ќе преживее. Наместо очекуваните месеци или дури години во болница, Лорен успеал да замине дома по околу три месеци, по што следувала и рехабилитација.

- Advertisement -
Ad image

И токму откако тој го преживеал најтешкиот период, нивната врска добила ново поглавје. На 28 февруари 2021 година Лорен и Сејбија се венчале.

На нивната втора годишнина од бракот таа објави фотографии од свадбата и напиша дека со својот најдобар пријател слави две години брак и дека сака тие да станат 70.

Денес двајцата отворено покажуваат како изгледа нивното секојдневие. Сејбија му помага со работи како туширање, менување на стомата и други активности за кои Лорен има потреба од помош, но тој истовремено постојано се обидува да биде што посамостоен. По враќањето од болница научил самиот да се префрла во количката и да користи различни помагала, а со текот на времето добил и бионичка протеза за раката. Во нивните видеа се гледаат и сосема обични работи – подготовка за денот, излегувања, патувања, рехабилитација и начинот на кој двајцата го организираат животот во домот.

Една од темите за која најчесто ги прашуваат следбениците е нивната интимност. Тоа е особено чувствително прашање бидејќи со хемикорпоректомијата Лорен ги изгубил и гениталиите. Сепак, Сејбија јасно става до знаење дека не сакаат да објаснуваат како изгледа нивниот интимен живот.

– Тоа е многу лично прашање на кое никогаш нема да одговориме – вели таа.

Иднината исто така била тема за која зборувале. Лорен не може да има биолошки деца, а лекарите пред операцијата се обиделе да спасат дел од неговата сперма, но подоцна било утврдено дека не е употреблива. Сепак, тој и Сејбија зборувале дека сакаат прво да патуваат и да го видат светот, а потоа да основаат семејство на некој друг начин. Лорен во едно интервју вели дека животот сега му е многу поедноставен од порано и дека научил да не се концентрира на работите што не може да ги има, туку на она што сè уште може да го прави.

Нивната приказна денес ја следат илјадници луѓе преку социјалните мрежи, каде што објавуваат и убави и тешки моменти. Лорен и Сејбија не го прикажуваат животот по несреќата како нешто едноставно: има секојдневна зависност од помош, медицински проблеми и ограничувања, но и многу сосема обични моменти од животот на еден брачен пар. Токму тоа е причината поради која нивните снимки привлекуваат внимание – не ја покажуваат само несреќата што му се случила на Лорен, туку и животот што двајцата го изградиле по неа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation