Пожар избувна на траект во близина на популарната туристичка дестинација Корон на Филипините, при што загинаа најмалку пет лица, а најмалку 87 други се водат како исчезнати, соопшти локалната крајбрежна стража. Пожарот избувна на бродот на нешто повеќе од два километри од брегот во средата навечер; снимките покажуваат како пловилото е целосно зафатено од пламен.
Бродот тргнал од Манила во вторникот навечер, а пожарот избувнал во провинцијата Палаван, во близина на брегот на Корон на островот Бусуанга. Оваа област, позната по своите плажи и живописни пејзажи, е многу популарна меѓу туристите.
Според првичните извештаи на властите, загинале пет лица, а нивните тела веќе се извлечени на брегот. Уште 87 лица се водат како исчезнати, а операциите за спасување се во тек, соопшти крајбрежната стража, повикувајќи се на странски новински агенции. Продолжуваат и напорите за гаснење на пожарот.
Поморските несреќи на Филипините секоја година одземаат десетици животи, главно при бродоломи предизвикани од лоши временски услови, непочитување на безбедносните прописи, лошо одржување или преоптовареност на пловилата.
Во јануари, 66 лица загинаа кога траект со повеќе од 350 патници потона додека патуваше кон островот Џоло во јужниот регион Минданао.
Фото: Илустрација
Tagged as:
повеќе од 80 исчезнати Се запали траект на Филипините: најмалку петмина загинати
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
