Background

СРДАНОВИЌ НАЈАВИ НОВА ПОЛИТИКА КОН СОСЕДИТЕ

Суштината на движењето што го започнаа студентите во Србија е отвореноста за конструктивна соработка и дијалог со сите партии, вели Илија Срдановиќ, носител на победничката листа на вонредните парламентарни избори во Србија. Тој додава дека движењето сигурно ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи во наредниот период.

Запрашан како ќе бидат избрани новиот српски премиер и министрите и кој ќе ги донесе тие одлуки, Срдановиќ во своето прво интервју по победата, дадено за хрватскиот портал „Индекс“, рече дека студентите избрале 250 експерти од различни области: економисти, правници, финансиски експерти, спортисти, културни работници, лекари и едукатори.

Практично, додаде Срдановиќ, нема сегмент од општеството што не е опфатен со широкиот состав на оваа листа.

- Advertisement -
Ad image

– Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – рече Срдановиќ.

Движењето, вели тој, не го сочинуваат само луѓето што се најдоа на листата, туку станува збор за поширок граѓански собир во Србија, кој сака земјата да оди напред.

– Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – рече Срдановиќ.

Како што објаснува тој, движењето прераснало во „Студентска листа“ и граѓанска иницијатива водена од студентските барања и студентското лидерство.

Одговарајќи на констатацијата дека се најавени многу тешки реформи – од правосудството и полицијата до борбата против корупцијата и слободата на медиумите – како и на прашањето што ќе се решава прво и дали очекува опструкции, Срдановиќ рече дека задачата не е лесна. Според него, многу институции треба да се ослободат од партиски поставените кадри кои направиле големи грешки.

– Затоа првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни – рече Срдановиќ, додавајќи дека за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми.

На прашањето дали тоа значи дека ќе го интензивираат пристапот кон Европската Унија и посилно ќе ја насочат Србија кон членство, носителот на листата „Студентите победуваат“ рече дека во претходниот период поддршката на граѓаните за ЕУ се намалила за 20 проценти. Сепак, тој оцени дека основните вредности на движењето се многу слични на европските цивилизациски вредности.

– Затоа не гледам пречка за подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција – рече Срдановиќ.

Срдановиќ потврди дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој му ја честитал победата на студентската листа и изразил надеж за продолжување на соработката. Како што посочи Срдановиќ, таа соработка ќе биде конкретизирана по формирањето на новата влада.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖