Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе понуди исплата од 5.000 долари за секој возрасен Американец доколку републиканците ги освојат двата дома на Конгресот на ноемвриските избори – план што би чинел повеќе од еден трилион долари.
Оваа контроверзна понуда беше изнесена за време на говор на првата конвенција на Републиканската партија пред изборите на средината на мандатот.
Тој не даде детали за тоа како би функционирал планот или од каде би дошле парите, туку само наведе дека средствата ќе мора да се потрошат во САД.
„Ако републиканците ги освојат Претставничкиот дом и Сенатот, ќе доделам дивиденда од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин. Не сакаме да одите во Канада за да ги потрошите парите. Не сакаме да одите во Кина или Германија. Мора да ги потрошите парите во САД“, нагласи Трамп.
Демократите веднаш го оценија ова како „празно ветување“, додека други ја доведуваат во прашање законитоста на таквото ветување.
Во САД има речиси 270 милиони возрасни лица, што значи дека исплатата од 5.000 долари би ја чинела американската влада приближно 1,3 трилиони долари.
Многумина ја доведуваат во прашање изводливоста на планот на Трамп – особено поради растот на цените во САД, делумно како последица на војната што САД и Израел ја започнаа против Иран во февруари.
Во средата, американскиот претседател ги предупреди своите поддржувачи дека војната нема да заврши пред изборите и дека цените на нафтата нема да паднат пред тоа.
Ова не е првпат Трамп да ветува вакви исплати; тој претходно предложи чекови од 2.000 долари финансирани од приходите од царини, пренесува Би-би-си.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
