Бројот на луѓе заразени со вирусот на западнонилска треска нагло расте во Грција. Од почетокот на годината се регистрирани 157 случаи, а 13 лица починале, објавија грчките здравствени власти. Според податоците од грчкиот институт за јавно здравје ЕОДИ, бројот на случаи се зголемил речиси четири пати за само неколку недели. На крајот на јули беа пријавени 42 случаи.
Повеќето случаи се откриени во пошироката област на Атина. Некои пациенти развиле тешки форми на болеста кои влијаат на централниот нервен систем, вклучувајќи енцефалитис, менингитис и други невролошки компликации.
Повеќето заразени лица од вирусот, кој го пренесуваат комарците, немаат никакви симптоми или развиваат само благи симптоми, додека тешките форми на болеста најчесто се јавуваат кај постари лица и кај лица со претходни болести.
Други делови од јужна Европа, исто така, пријавуваат зголемување на бројот на инфекции, поради што Светската здравствена организација повика на зголемена претпазливост.
Во Република Кипар денеска е потврден прв случај на вирусот Западен Нил за оваа година, а пациентот е 70-годишен маж, кој е во тешка состојба и се лекува во Одделот за интензивна нега во општата болница во Никозија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
