Background

Цените на пченицата во бенчмарк фјучерс договорите на Чикашката берза се зголемија за повеќе од 17% од почетокот на јули

Цените на пченицата во бенчмарк фјучерс договорите на Чикашката берза се зголемија за повеќе од 17% од почетокот на јули, првенствено поради намалувањето на пратките од Црното Море. Пченицата, исто така, поскапи кај конкурентските земји извозници – Аргентина, Австралија и САД.

Меѓусебните напади на руските и украинските сили врз пристаништата и бродовите во последните недели предизвикаа затворање на терминалите за извоз на жито и ги принудија шпедитерите да го одложат или откажат товарењето на десетици пратки за време на врвната извозна сезона.

Во Азија, преработувачите на жито нарачале околу 2,0 до 2,5 милиони тони пченица од регионот на Црното Море за испорака помеѓу јули и август, покривајќи приближно 30 до 50% од побарувачката за увоз, но сега има растечки стравувања дека неколку пратки можеби нема да пристигнат на време. Тие ќе треба до крајот на август да најдат решение кај други извозници со ризик дека ќе добијат многу повисока цена од онаа за црноморската пченица.

- Advertisement -
Ad image

Досега, подобрите жетви во делови од Блискиот Исток и Северна Африка го ублажија директното влијание на недостатокот на испораки од регионот на Црното Море.

Во првата половина од 2026 година, Египет, најголемиот светски увозник на пченица, покрил над 82% од увозот на тоа жито од Русија и од Украина. Компаниите од египетскиот приватен сектор сега го чувствуваат најголемото влијание од прекините во испораките од Црното Море, според трговците, бидејќи повеќе од половина од нивната потрошувачка на пченица е покриена со увоз и тие работат со помали залихи.

Второто место на рангирањето на најголемите светски увозници на пченица го зазема Индонезија, која склучи договори со руски и со украински извозници за испорака на 600.000 тони пченица во периодот од јули до септември, но поради застојот во испораките стравува дека ќе ги потроши залихите.

Според неименуван функционер на Индонезиското здружение на мелничари, сега се бараат нови добавувачи од Бугарија, Австралија, Романија и Аргентина, за да се надоместат пратките што не се испратени од Русија и Украина.

Други големи увозници, како што се Алжир, Бангладеш, Јордан, Тајланд, Тунис и Виетнам, исто така во голема мера се потпираат на украинската и руската пченица.

Свртувањето кон други добавувачи ќе значи значително повисоки цени. Цените на пченицата во Австралија моментално се околу 315 до 320 долари за тон, вклучувајќи ги трошоците и превозот до Азија, и се далеку повисоки од најевтината американска пченица, која чини околу 305 долари за тон. Повеќето испораки од регионот на Црното Море се движат околу 260 до 280 долари за тон.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation