Background

ДОАЃА НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ХРАНАТА ВО СВЕТОТ

Цените на храната во светот би можеле значително да пораснат оваа година. Најголем раст се очекува кај пченицата, што би можело да доведе до зголемување на цената на лебот и тестенините, оценува британската компанија за економски анализи „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics).

Според анализата, глобалните цени на храната годинава ќе пораснат за 11,8%, додека следната година ќе пораснат за уште 4,8%.

Житарките, овошјето, зеленчукот и млечните производи би требало најмногу да поскапат. Екстремната топлина и суша ги уништуваат посевите низ Европа, а земјоделците се соочуваат и со високи цени на енергијата и ѓубривата, кои се погодени од војните на Блискиот Исток и Украина.

- Advertisement -
Ad image

По топлотниот бран во Европа, бриселското здружение на трговци со житарки и маслодајни растенија Коцерал (Coceral) во јули ја намали прогнозата за жетвата на житарки во Европската Унија и Обединетото Кралство од 295,5 на 286,6 милиони тони. Минатата година, жетвата изнесуваше 310 милиони тони, пишува Euronews.

Трошоците на земјоделците исто така растат поради прекините во снабдувањето со нафта и други суровини, предизвикани од блокадата на Ормускиот Проток поради војната во Иран. Цените на дизелот на светско ниво во јули беа за 36% повисоки отколку една година претходно, делумно поради блокадата на Ормускиот Проток.

„Оксфорд економикс“ очекува цените на ѓубривата да пораснат за 22% оваа година.

Томас Дворак, виш економист во „Оксфорд економикс“, тврди дека најголемото влијание врз глобалните цени на храната има „војната меѓу САД и Иран и нејзиното влијание врз ресурсите потребни за производство, првенствено дизел, природен гас и ѓубрива“.

Војната во Украина, исто така, силно влијае на пазарот на храна.

-Русија и Украина заедно сочинуваат нешто помалку од 30 проценти од светскиот извоз на пченица и повеќе од 10 проценти од извозот на пченка –  оценува Дворак.

Нападите врз руските и украинските пристаништа, терминали и бродови, како и попречениот извоз преку Црното и Азовското Море, би можеле да го загрозат годишниот капацитет за извоз на жито од 86 милиони тони. Ова е речиси 17% од вкупниот светски извоз на житарки.

-Културите – житарки, овошје и зеленчук – и млечните производи ќе бидат најтешко погодени. Ова ќе влијае и на цените на преработените производи како што се лебот, сирењето, виното или маслото. Од друга страна, месото треба да биде помалку погодено – вели Дворжак.

„Оксфорд економикс“ очекува дека во третиот квартал од 2026 година цената на пченицата да биде за 36% повисока од претходната година и ќе достигне околу 4,40 евра за приближно 20 килограми.

-За свежата храна, првенствено овошјето и зеленчукот, влијанието ќе биде брзо и веројатно видливо во продавниците за два до три месеци. За преработената храна, процесот трае подолго поради времето потребно за берба и преработка. Очекуваме врвно зголемување на цените за шест до девет месеци – објасни Дворжак.

Ова значи дека цените на свежата храна би можеле да почнат да растат посилно во октомври и ноември оваа година, додека најголемото зголемување на цените на преработената храна се очекува помеѓу февруари и мај следната година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation