Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари средба со Никол Варнс, вршител на должноста – амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија.
На средбата се разговараше за приоритетните проекти на актуелната локална власт, за спроведување на препораките кои УНЕСКО ги бара од Охрид како и проектите кои се однесуваат на младите луѓе во градов.
Варнс го изрази своето задоволство од финансиските политики на актуелната локална власт која обезбедува стабилност на општината, а се разговараше и за економската состојба на градот, инфраструктурната подготвеност да се дочекаат гостите од земјава и странство како и за етничката структура на Охрид.
Високата гостинка од САД доаѓа во прва официјална посета на Охрид по нејзиното назначување на функција.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
