Новиот британски премиер, Енди Барнам, разменувал пораки со лице за кое верувал дека е Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Измамата не завршила пред вратата на Даунинг стрит. Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули.
Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат, а британската амбасада во Вашингтон го известила тимот во Белата куќа.
Од Даунинг стрит не сакале да навлегуваат во детали, повикувајќи се на националната безбедност. Извори запознаени со случајот, сепак, тврдат дека разменетите пораки немале значајна или чувствителна содржина, пишува британски Телеграф.
Случајот е уште понеобичен бидејќи не станува збор за изолиран обид. Американските власти веќе истражувале случаи во кои измамник се претставувал како Вајлс и контактирал со ис
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
