Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода 67-годишниот Б.С. од Битола, поради сомнение дека предизвикал пожар на улицата 4 Ноември.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен околу 12:35 часот, а во него биле зафатени сува трева и дрвени палети во поранешното стовариште на осомничениот.
„Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул. 4 Ноември во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште“, соопшти МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Битола. Во инцидентот нема повредени лица.
На местото бил извршен увид од екипа на СВР Битола. Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот против 67-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
