Background

Мицкоски ја користи 2022 година, во најголемата светка криза, за споредба со сегашната инфлација

Христијан Мицкоски повторно прибегнува кон политичка математика.

Јулската инфлација од 2,3 % ја претставува како голем успех, споредувајќи ја со 2022 година – годината на најголемата светска криза, кога инфлацијата на трошоците на живот беше 16 %, а индексот на цените на мало околу 14 %.

2022 година, година на светска криза – постковид периодот и енергетската криза, како и почетокот на војната во Украина, се користат за правење паралела со 2026 година, со цел да се прикажат успесите на оваа влада, која всушност нема ниту еден единствен успех.

- Advertisement -
Ad image

Споредбата е намерна и манипулативна.

Никој не спори дека инфлацијата денес е пониска од рекордните нивоа од 2022.

Но тоа не значи дека животот е поевтин.

Тоа значи само дека цените повеќе не растат со иста брзина, откако веќе еднаш скокнаа до небо – во текот на последните неколку месеци, поради скокот на цената на нафтата и неповедувањето на предложените мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од страна на СДСМ.

Цените не се вратија назад.

Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена.

Основните производи што во 2021 чинеа 1.000 денари, денес чинат околу 1.300 денари.

Тоа е реалноста што ја чувствуваат граѓаните секој ден на каса.

Додека Мицкоски се фали со 2,3 %, транспортот само во еден месец поскапе за 4,4 %.

Храната формално благо поевтини во однос на претходниот месец, но останува далеку над нивоата од пред кризата.

Статистиката мери проценти.

Граѓаните плаќаат сметки.

Мицкоски свесно ја избира 2022 година за споредба, за да создаде впечаток на успех таму каде што го нема.

Ова е ист метод како и со сите други „успеси“ на оваа власт – се споредува со најлошиот период од светската економска и енергетска криза, за да изгледа подобро она што е просечно или лошо.

Инфлацијата можеби е 2,3 %.

Но сметките на граѓаните се уште многу повисоки.

И тоа не се менува со прес-конференции, цртање на табла од страна на Мицкоски или со презентирање статистички податоци.

Граѓаните имаат своја статистика – доволно е да погледнат во паричникот или во фрижидерот, а таму е празно.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation