Пет тинејџери загинаа, а четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Ирска, откако автомобил се движел во спротивна насока на автопатот „М9“.
Ирскиот полициски комесар, Џастин Кели, директниот судир на двата автомобили го опиша како „ужасен“, предупредувајќи дека „во некои случаи“ возила се движат во спротивна насока на автопатите само за снимките од таквите активности да собират „лајкови“ на социјалните мрежи.
Итните служби биле известени дека возило се движи во насока југ по делот од автопатот „М9“ определен за сообраќај кон север. Набргу потоа, возилото директно се судрило со друг автомобил.
Полицијата соопшти дека на местото на несреќата биле пронајдени телата на пет машки тинејџери, сите биле патници во едното возило. Телата биле пренесени во Општата болница во Нис, каде што ќе бидат извршени обдукции.
Во другото возило се наоѓале три жени – две на возраст од 30-тина години и една во 20-тите, како и машко дете. Сите се хоспитализирани со тешки повреди.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
