Заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот на тешко пристапен терен над селото Драгов Дол, Општина Македонски Брод, наместен е монтажен базен во непосредна близина на пожарната линија и на реката Треска.
– Со овој потег овозможивме хеликоптерот наместо да лета до езерото Козјак одалечено 15-ина минути летање од пожарот, денес да полни вода од базенот во непосредна близина со што на секои 3-4 минути истура тон вода врз критичните точки од пожарот – рече Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Тој денеска информира дека состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден била тешка, дека имало 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, додека шест се активни.
Ангелов се заблагодари на 25 доброволни пожарникари кои се дел од Модулот за шумски пожари на ДЗС, на петмина оперативци на ДЗС кои работат со нив и на професионалните пожарникари од Македонски Брод кои неуморно со денови се борат со огнот на терен. Доброволните пожарникари имаат завршено повеќе обуки и пролетта биле на специјална обука во Словенија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
