Background

МАДОНА ТАЈНО ПОСЕТИ МАНАСТИР НА МЕТЕОРИ

Поп-иконата Мадона оствари тајна и дискретна приватна посета на познатиот манастир Варлам во Метеори, Грција, каде што остана околу три часа во духовен мир и размислување, додека престојува во земјата по повод нејзиниот роденден.

Мадона престојува во Грција, каде што денеска, 16 август, ќе го прослави својот 68. роденден. Додека деталите за прославата се чуваат во строга тајност, пејачката ги посети Метеори, едно од најзначајните историски и духовни места во земјата.

Мадона на 14 август пристигна на Метеори со хеликоптер, кој слета во областа Перистера, по што се упати кон манастирот Варлам. Таму ја дочека игуменот, отец Бенедикт, кој лично ја прошета низ манастирот и ја запозна со неговата историја, монашката традиција и реликвиите што се чуваат во него. Посетата беше приватна, а Мадона сакаше да помине без медиумско внимание. Според пишувањата на грчките медиуми, таа на Метеори пристигнала со група од 12 лица, меѓу кои бил и нејзиниот син, а побарала и духовен совет од игуменот на Варлам.

- Advertisement -
Ad image

Метеори се познати по огромните карпи од песочник кои се издигнуваат стотици метри над околната област. Некои достигнуваат висина од над 400 метри. На овие речиси непристапни карпи монасите почнале да се населуваат уште од 11. век, а со текот на времето е создаден еден од најзначајните православни монашки центри во Грција. Во периодот на најголемиот процут, овде постоеле дури 24 манастири.

Манастирот Варлам, кој го посети Мадона, е еден од најпознатите манастири на Метеори. Според грчкиот туристички портал, прв во 14. век го основал монахот Варлам, додека во 16. век браќата Нектариј и Теофан Апсарас го обновиле монашкиот живот и го изградиле денешниот комплекс.

Манастирот е познат по вредните фрески од 16. век. Особено е интересна и некогашната практика за пристап до манастирот – луѓето се кревале по карпата висока 373 метри со помош на мрежа. Денес, посетителите стигнуваат до него преку скали вдлабени во карпите. Метеори од 1988 година се наоѓаат на листата на светско културно и природно наследство на УНЕСКО, како единствен спој на природата, културата и православната духовност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation